Државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи Михаил Рот, по повод барањето на шефот на украинската дипломатија Павел Климкин за воена помош од ЕУ и НАТО, изјави дека официјален Берлин е против воено решение во Украина.
– Секој разговор е подобар од воен судир, истакна Рот, додавајќи дека Германија ќе направи се со политичко решение да се спречи насилството.
Тој нагласи дека Москва и Киев се одговорни за воспоставување на мирот, истакнувајќи дека мора да се зачува територијалниот интегритет на Украина и да се расветли случајот со уривањето на малезискиот авион.
– Во Украина мора да започне процес на национален дијалог, во кој ќе бидат вклучени сите делови од земјата, изјави Рот, барајќи од Русија да ја прекине поддршката за проруските сили.