Што можеме да научиме од прекинот на љубовната врска?

Од:

Врските се важен дел од развојот на личноста. Наместо страдање многу подобро е да се фокусираме на тоа што може да се научи по прекинот на љубовната врска.

Љубовта не е едноставна работа, потребно се време и искуство да научиме како да се сакаме себе си и да ја цените врската со саканата личност.

На секого му е потребен личен простор

Многу луѓе мислат дека вистинска љубов значи да поминуваат 24 часа дневно со својот партнер, но во таква врска набрзо ќе го изгубите сопствениот идентитет. Кога тоа ќе се случи многу е тешко да се вратите назад.

Страста е привремена

Во периодот на вљубеност екстремно сте среќни, имате впечаток дека со партнерот можете да поминете цела вечност. За жал, овој период е краток и потоа или ќе се разделите или ќе имате вистинска љубов.  Ако навистина го сакате партнерот ќе го прифатите со сите доблести и маани, ќе чуствувате сигурност и заедно ќе делите добро и зло.

Другите не се ваша сопственост

Колку и да сте долго во врска мора да сфатите дека не го поседувате партнерот. Луѓето кои се сакаат ќе бидат посветени еден на друг без посесивност и меѓусебно ќе се почитуваат.

Реализирајте се себе си

Мора прво да научите да се сакате себе си за подоцна својата љубов да му ја поклоните на партнерот. Работете на себе се додека не стекнете самодоверба и почуствувајте се задоволно. Тоа ќе ве наведе да ги смените емоциите, мислите и акциите.

Залудно се обидувате да го смените партнерот

Речиси е невозможно е да се сменат навиките и ставовите на партнерот. Доволно е само еднаш да му укажете и тој ако сака ќе тргне во виситнската насока. Но, ако тоа го прави само за да ве задоволи моментно, најдобро е наместо бурно да реагирате ладнокрвно.

Решете ги внатрешните конфликти

Вашето однесување и ставови во врската можат да бидат одраз на вашите стравови и анксиозност кои потсвесно владеат со вас. Ако сакате да градите врска на стабилна основа морате да го надминете чуството на несигурност.

Научете како да го „ослободите“ партнерот

Некогаш имате премногу време и сила да потрошите со цел да ја одржите врската, а некогаш немате желба и продолжувате понатаму. Ако се случи тоа немојте да дозволите прекинот на љубовната врска да ве обесхрабри, искористете ја можноста од тоа во иднина да остварите квалитетна врска.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска