Болниците во приградската населба Макеевска, во Доњецк полни се со повредени откако украинската армија денеска го гранатираше тоа подрачје, изјави заменикот премиер на самопрогласената Доњецка народна република, Андреј Пургин.
– Цела Макеевка е гранатирана, болниците се полни со повредени луѓе, изјави Пургин за Итар-тас, не прецизирајќи го бројот на повредени.
Според него, не може да се добие целосна слика за тоа што се случило во населбата бидејќи комуникациите се во прекин.
Одделни медиуми претходно јавија за убиени 10 деца откако била гранатирана градинка во Макеевска, но Пургин не можеше да прецизира за жртви. Во таа област најверојатно се пристигнати и претставници од ОБСЕ.