Улични борби се водат во центарот на источниот украински град Луганск, меѓу владините сили и проруските бунтовници, соопшти украинскиот воен портпарол Андриј Лисенко.
Лисенко рече дека еден кварт на градот е ослободен.
Луганск, еден од упориштата на проруските бунтовници во Источна Украина, е под контрола на сепаратистите од април.
– Петнаесет тела биле откриени вчера на местото на вчерашниот ракетен напад врз колона бегалци крај градот, додаде Лисенко.
Операцијата за пребарување на тела била прекината поради борбите.
Украинската Влада ги обвини за нападот бунтовниците, додека тие демантираа оти стрелале врз бегалците.