Ова се само некои од необичните факти и правила за физичка привлечност кај луѓето, погледајте ја комплетната листа:
– Доколку директно гледате во очите на странец тоа може да го зголеми нивото на вашата привлечност на таа личност, дури и доколку никогаш претходно не сте разговарале.
– Андростенолот, хемикалија која може да се најде во свежата пот на мажот е феромон кој некои жени ги привлекуваат кон мажите.
– Една студија покажа дека мажите чувствуваат намалување на сексуалната привлечнот поради мирисот на солзите.
– Луѓето сакаат партнер со симетрично лице затоа што потсвесно веруваме дека нашето потомство исто така ќе има симетрични црти на лицето.
– Очилата за сонце создаваат чувство на симетричност кога е во прашање нашето лице, што не прави попривлечни и помистериозни.
– Една студија открива дека жените зборуваат со повисок тон кога се наоѓаат во близина на лице кое им се допаѓа.
– Емотивните зборови изговорени во левото уво ги паметиме подобро отколку оние изговорени во десното.
– Годините на вашите родители во кои ве зачнале, одредуваат кои лица ќе ви бидат привлечни.
– Почнувањето со пилулите за контрола на раѓање или престанувањето во текот на врската може да доведе до тоа да изгубите интересирање за партнерот.
– Доколку ве привлекува некој кој е сличен на вас по изглед, тоа е затоа што на таа личност потсвесно и верувате.
– Жените кои се смеат се попривлечни од оние кои тоа не го прават.
– За мажите важи спротивното.