Украина има реална потреба од странска помош, вклучувајќи и воена oпрема, изјави денеска претседателот на украинскиот Парламент, Олександер Турчинов, кој се наоѓа во посета на Литванија.
Тој истакна дека неговата земја има потреба од современо оружје и делумно во воздухопловна и противвоздушна техника.
Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин вчера, исто така побара ЕУ и НАТО треба да и пружат воена поддршка на Украина, што би им помогнало на нејзините безбедносни сили за полесно спроведување на антитерористичката операција во источните делови на земјата.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој вчера во Берлин беше на консултации со своите колеги од Украина, Франција и Германија, истакна дека повикот на Киев кон ЕУ и НАТО за воена помош е „спротивен на сите досега постигнати договори за изнаоѓање мирен излез од кризата“.
Претходно денеска финскиот премиер Александар Стуб потенцира дека ЕУ и Алијансата не се во можност да им дадат воена поддршка на украинските војници кои се борат против проруските сили во источниот дел од земјата.
– Тоа секако не е можно. Знаеме дека НАТО им дава воена помош само на своите членки, додека ЕУ нема капацитети за таков вид на помош. Унијата потпиша договор за асоцијација со Украина и тоа е „меката сила“ што ја користи ЕУ, додаде Стуб.