Конвој од автобуси со бегалци денеска е погоден со ракета на проруските сили во близина на украинскиот град Луганск, соопшти портпарол на украинската војска.
– Проруските сили истрелаа ракети „град“ врз конвојот со бегалци од Луганск и сега очекуваме информации за бројот на жртвите, истакна портпаролот.
Портпаролка на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ изјави дека нема никакви информации за овој случај.