Фудбалерот на Реал Мадрид се приклучи во акцијата за помош на здружението „ALS Association“ која се занимава со проучување и ширењето на свеста за амиотрофична латерална склероза.
Откако ги зафати САД „Ice Bucket Challenge“ преку интернет се прошири и на остатокот од светот. Иако на прв поглед изгледа како уште една од лудите интернет шеги, сепак се работи за начин на собирање хуманитарна помош за здружението „ALS Association“.
На оваа акција се приклучи и Кристијано Роналдо, кој се соблече и се полеа со ладна вода, а претходно беше предизвикан од фудбалерот на Манчестер Јунајтед.
Правилата велат откако ќе го стори ќе мора и тој да предизвика некого, па ги повика истото да го направат Бијонсе, Џенифер Лопез и Лил Вејн.