Кое е најбезбедното место во авион?

Од:

Во едно од најневообичаените тестирања извршени за прашањето на безбедноста, „Боинг 727“ со 170 седишта беше контролирано урнат во околина на Мексико, за научниците подобро да го испитаат она што се случува со патниците додека авионот се урива.

Пилотот Џејмс Сколум, скокнал со падобран од авионот на височина од 762 метри, а Боингот со далечински управувач бил срушен од друг пилот кој летал во авион непосредно до овој што требало да падне.

Во внатрешноста на авионот, имало по три кукли, дизајнирани да ги заменат луѓето, поставени во различни позиции.

Првата во класична позиција, врзана со каиш како во случај на пад. Втората била врзана како за обично нормално слетување, а третата не била воопшто врзана.

По падот на авионот со „носот“ напред, експертите откриле дека патникот „врзан“ во позиција „случај на присилно слетување“ го преживеал падот, втората кукла имала сериозни удари во пределот на главата, а третата го загубила „животот“.

Експертите заклучиле дека во ваквата авионска несреќа 78% од патниците ја преживеале несреќата, но со оглед дека авионот се урнал со предниот дел во земјата, никој од патниците во првата класа не ја преживеал несреќата.

Лицата сместени во задниот дел на авионот, имале најголеми шанси за преживување.

Ова е втор пат да се тестира безбедноста во авионот на овој начин. Првиот контролиран пад се случи во 1984 година. Тогаш, авионот експлодира по паѓањето.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските