Украинската Влада испрати сопствен конвој на истокот на земјата

Од:

По налог на украинската Влада, од три украински градови – Киев, Дњепропетровск и Харков – на истокот на земјата тргнале 71 камиони со речиси 800 тони хуманитарна помош за граѓаните на Луганск и Доњецката област, изјави портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност Андриј Лисенко.

Тој додаде дека хуманитарните конвои кои тргнале од Харков и Дњепропетровск веќе пристигнале во Старобилската и Луганската област, како и оти се очекува дека и конвојот од Киев наскоро да пристигне на своето одредиште.

Хуманитарната помош ја сочинуваат храна, вода, медицински материјал, производи за хигиена, како и други производи неопходни за граѓаните на источна Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми