Почина неготинчанец од листерија

Од:

46-годишниот пациент од Неготино, кај кој беше добиен позитивен изолат на Листерија, претпладнево почина на клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Пациентот беше хоспитализиран на 03 Август 2014 година, под клиничка слика на акутен гастроентероколит, кај кого со дополнителни испитувања беше потврдена инфекција и на централниот нервен систем.

Поради влошување на болеста, пациентот беше поставен на механичка вентилација. Во лекувањето покрај инфектолози, беа активно вклучени и анестезиолози од КАРИЛ.

И покрај сите превземени тераписки мерки состојбата на пациетот константно се влошуваше со несакан исход на болеста.

Би можело да ве интересира

Тодоров: Француски лаборатории ги потврдија наодите за листерија од македонските институции

Ана Ололовска

СДСМ: Дали во хаосот на листеријата летна и директорската фотелја на Рунтевски?

Ана Ололовска

ЛДП: Г-дине Груевски, од морални причини поднесете неотповиклива оставка!

Ана Ололовска

СДСМ: Кој ќе ја понесе одговорноста за болните и за починатите?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Во хаосот на неспособната власт, се шират зарази и умираат луѓе

Ана Ололовска

ЛДП до Зврлевски: Граѓаните не се колатерална штета на неодговорното работење на институциите

Ана Ололовска