Рускиот амбасадор Александар Чепурин во интервју за „Вечерње новости“ изнесе низа интересни ставови и истакна дека „Србија би пукала сама во своите нозе, доколку воведе санкции за Русија“, бидејќи таква одлука може да донесе само „политичар самоубиец“.
Тој напомена дека Русија не ја бомбардираше Србија и дека не ги поттикнувала „косовските сепаратисти на независност.“
Истакнувајќи дека ја разбира специфичната позиција во која се наоѓа Србија и заложбите на владата да се приклучи државата во ЕУ и да го избаласира својот став по прашање со случувањата во Украина, тој го спореди Доњецк со Вуковар.
– Овде сега е важно да се спречи масовното страдање на цивилите на југоисток на државата. Киевските власти неспорно веќе го направија Доњецк во Сталинград, Герника или ако сакате Вуковар, рече амбасадорот.
Е. Г.