Украинската армија уништила поголем дел од руска воена колона што навлегла во државата

Од:

Украинската армија уништила поголем дел од руска колона оклопни возила што навлегла синоќа во државната територија, соопшти Кабинетот на украинскиот претседател.

Кабинетот додава дека претседателот Петро Порошенко за тоа разговарал со британскиот премиер Дејвид Камерон. Тој го уверил дека голем дел од колоната била уништена ноќеска од страна на украинската артилерија.

– Украински војници влегоа во судир со руска воена колона што навлегла во државата, и дел од неа веќе не постои, изјави украински воен портпарол.

Веднаш реагираа од Министерството за одбрана на Русија од каде посочија дека никаква воена колона ниту влегла во Украина, а уште помалку дека била уништена од страна на украинската војска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми