Грчката влада ќе ја спасува туристичката сезона

Од:

Грчката преодна влада ја истакна безбедноста во земјата, со оглед на ризикот од масовни откажувања на туристите да дојдат преку летото, поради политичката и економската криза во земјата.

„Важно е сликата која е дадена за земјата да одговара на реалноста“, истакнал портпаролот на владата, Димитрис Циодрас.

Тој додаде дека Грција е „потполно безбедна дестинација со конкурентски цени“.

На барање на премиерот на предоната влада, министерството за туризам работи на мерки за зголемување на бројот на туристичките резервации.

Економско-политичката ситуација во Грција, доведе до смалување на бројот на туристи од европските земји, особено од Германија, кој во последната година се смалил за 30%.

 

 

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната