Три лица загинаа при гранатирањето на Доњецк

Од:

Најмалку три лица загинаа во Доњецк, каде украинските сили во текот на ноќта го интензивираа гранатирањето на градот.

Според изјавите на локалните жители, гранатирањето траело околу два часа.

Градското собрание на Доњецк претходно соопшти дека во текот на ноќта во гранатирањето се повредени најмалку пет лица.

Собранието додаде дека изминатата ноќ била „мошне стресна“, бидејќи експлозии можеле да се слушнат по целиот град.

Според прелиминираните извештаи, во текот на гранатирањето се оштетени повеќе куќи и згради, а уништени се градската болница и стоматолошката клиника. Без струја останале две населби во градот, а околу 70 куќи и без гас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми