Дванаесет украински доброволци кои се бореле против проруските сепаратисти во источна Украина, се убиени рано утринава, а засега непознат број се заробени, откако нивниот автобус паднал во заседа на сепаратистичките сили, соопшти портпаролот на екстремно десничарската организација „Десен сектор“.
– Сепаратистите отворија оган врз автобусот, што борците од „Десен сектор“ ги превезуваше на борбената линија кај селото Мандрикино, на пристапите кон бунтовничкото упориште Доњецк, изјави портпаролот на „Десен сектор“, чии припадници се борат на страната на украинските вооружени сили.
Според него, ова е нивна најголема поединечна загуба од почетокот на воените дејствија во источна Украина во текот на април годинава.
– Ќе се одмаздиме за нашите другари, се закани порпаролот на „Десен сектор“.