Историски грабеж во Чиле – украдени седум милиони долари

Од:

Група од осум маскирани вооружени лица украле седум милиони долари од блиндирано возило на аеродром во Сантијаго, главниот град на Чиле, соопштија чилеанските власти.

Тоа претставува најголемиот грабеж во историјата на земјата.

Напаѓачите на аеродромот пристигнале со три возила и ги блокирале чуварите што го следеле возилото на американската компанија за обезбедување „Бринкс“.

– Првичната истрага покажува дека се украдени над четири милијарди пезоси (околу седум милиони долари), но се уште не е позната точната сума, изјави обвинителот Луис Пабло Кортес.

Камионот превезувал пари, кои што требало да бидат пренесени со авион во банка во северниот дел на Чиле.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени