Победи за македонските репрезентации на шаховската Олимпијада

Од:

Машката и женската репрезентација на Македонија забележаа победи во 10.коло на шаховската Олимпијада во норвешкиот град Тромзо.

Мажите ја совладаа Данска со 2,5:1,5. Победата ја обезбеди Филип Панчевски кој на втората табла беше поуспешен од Расмусен, а на останатите три табли партиите завршија реми. Покрај Панчевски во македонскиот состав беа и Трајко Недев, Никола Митков и Влатко Богдановски.

На женскиот дел од турнирот Македонија во Габриела Коскоска, Бојана Бејатовиќ, Драгана и Ивана Манова беше убедлива против Ангола 3,5:0,5. Ремизираше Бејатовиќ, останатите три Македонки победија.

Денеска на Олимпијадата е слободен ден. Во пресрет на 11.коло машката македонска репрезентација е на 37.место со 13 бодови во конкуренција на 177 репрезентации.

Женската селекција се наоѓа на 83.место со 9 бодови во конкуренција на 136 земји учеснички на Олимпијадата.

Во последното коло, утре мажите играат со Киргистан, додека девојките за противник ја имаат интернационалната селекција составена од лица со посебни потреби – ИПЦ.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

Шахистот Тони Лазов испиша историја освојувајќи сребрен медал на Олимпијадата во Будимпешта

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ