Апсења во Москва по вчерашните опозициски протести

Од:

Во центарот на Москва на булеварот „Сергеј Сахаров“ е уапсен лидерот на рускиот опозициски „Лев блок“ Сергеј Удалцов поради обид да организира недозволен марш по официјалното завршување на вчерашните протести.

Полицијата побарала од учесниците на протестот да го ослободат булеварот за движење на возила. Сергеј Удалцов го одбил барањето и се обидел да организира недозволен марш, се наведува во соопштението на полицијата. Подоцна тој е ослободен.

Уште 20 руски опозициски активисти се уапсени во Москва поради обид да учествуваат во недозволен марш. Тие се приведени во полиција поради привлекување на административна одговорност.

Вчера во Москва беше организиран опозициски Марш на милионите, а учесниците усвоија резолуција со политички и социјални барања. Резолуцијата повикува на „оставка на нелегитимната власт“, итно ослободување на политичките затвореници, вклучувајќи и уапсени поради немири на претходен митинг. Се повикува на спроведување политички реформи и распишување предвремени парламентарни и претседателски избори.
На митингот според различни проценки имало од 14.000 до 100.000 луѓе. Тоа беше трета акција во Москва оваа година – претходната беше во јуни, а првата и најголема одржана беше на 6 мај, ден пред инаугурацијата на претседателот Путин, а заврши со масовни немири во кои беа повредени 30 полицајци и приведени околу 400 луѓе.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија