Ердоган: Секое семејство во БиХ мора да има најмалку 5 деца

Од:

Обраќајки им се на  студентите на Универзитетот во Сараево турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган порача дека мораат да размислуваат за покачување на наталитетот, и дека треба да имаат најмалку по 5 деца.

Во рамки на оваа изјава, тој потсети и на неговиот исказ во Турција каде рече дека секое семејство мора да има најмалку три деца.

Според него, во случајот со Босна и Херцеговина секое семејство би требало да има најмалку 5 деца за да наталитетот биде во пораст.

„Темел на економијата е човештвото. Ако има луѓе, ќе има и капитал, производство и потрошувачка. Ако нема, нема да има ништо од наведеното. Успехот е во младата и динамична популација. Економијата се развива благодарение на луѓето. Таму каде нема луѓе, нема ни економија. Еден од најголемиоте проблеми во европските земји во денешно време е популацијата, односно големиот број на стари луѓе,“ рече турскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски