Македонските шахисти ја победија Естонија

Од:

Машката репрезентација на Македонија ја совлада Естонија со 2,5:1,5 во 9.коло на шаховската Олимпијада во норвешкиот град Тромзо.

Филип Панчевски и Влатко Богдановски беа подобри од своите противници на третата и четвртата табла, Трајко Недев ремизира на првата табла, а пораз претрпе Александар Чоловиќ на втората табла.

За разлика од мажите, нашите девојки убедливо беа поразени од Белгија со 3,5:0,5. Половината поен за Македонија го освои Драгана Николовска на третата табла, додека Моника Стојковска, Бојана Бејатовиќ и Ивана Манова загубија.
На две кола пред крајот на Олимпијадата машката македонска репрезентација е на 53.место со 11 бодови во конкуренција на 177 репрезентации.

Женската селекција се наоѓа на 96. место со 7 бодови во конкуренција на 136 земји учеснички на Олимпијадата.

Во денешното 10.коло на машкиот дел од турнирот Македонија игра со Данска, а девојките ќе се сретнат со Ангола.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ