Киев ги советува жителите на Доњецк и на Луганск привремено да ги напуштат градовите

Од:

Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана (СНБО) побара од жителите на Доњецк и на Луганск да ги напуштат градовите преку коридорите кои ги формираа украинските војници.

– Им се обраќаме на цивилите со повик привремено да ги напуштат градовите, бидејќи таму ќе се спроведе операција за нивно ослободување и уништување на терористите, изјави претставникот на СНБО, Андреј Лисенко.

Тој наведе дека украинските безбедносни сили се подготвени максимално да му помогнат на локалното населени кое ќе одлучи привремено да ги напушти Доњецк и Луганск.

– Подготвени сме да обезбедиме превоз за луѓето, истакна Лисенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми