Војската на Украина се подготвува за завршната фаза за ослободување на Доњецк од проруските сили, откако оствари голема предност раздвојувајќи ги нивните редови, најави денеска портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко.
Тој истакна дека украинските сили го отсекле Доњецк од другото главно упориште на бунтовниците, Луганск на границата со Русија.
– Силите на антитерористичката операција се подготвуваат за завршната фаза за ослободување на Доњецк. Нашите сили во целост го отсекоа Доњецк од Луганск. Работиме на ослободување на двата града, но подобро е прво да го ослободиме Доњецк, тоа е поважно, изјави Лисенко.