Нерешено и пораз е исходот на мечевите на машката и женската репрезентација на Македонија во 8.коло на шаховската Олимпијада во норвешкиот град Тромзо.
Четворицата македонски шахисти кои играа против Ирска, Александар Чоловиќ, Филип Панчевски, Никола Митков и Влатко Богдановски освоија по половина поен ремизирајќи на сите табли.
Женската македонска репрезентација против Австрија играше во состав Габриела Коскоска, Моника Стојковска, Бојана Бејатовиќ и Драгана Николовска. На првата табла Коскоска загуби, а другите три ремизираа за вкупни 2,5:1,5 за Австрија.
По осум одиграни кола машката репрезентација е на 73.место со 9 бодови во конкуренција на 177 репрезентации.
Женската селекција се наоѓа на 82.место со 7 бодови во конкуренција на 136 земји учеснички на Олимпијадата.
Во денешното 9.коло на машкиот дел од турнирот Македонија игра со Естонија, а на женскиот Белгија е противник на македонскиот шахистки.