Македонските селекции забележаа победи на шаховската Олимпијада

Од:

Убедливи победи забележаа машката и женската репрезентација на Македонија во 7. коло на шаховската Олимпијада во норвешкиот град Тромзо.

Шахистите кои настапија во состав Трајко Недев, Александар Чоловиќ, Филип Панчевски и Никола Митков го победија Алжир со 3:1. Пораз претрпе Недев на првата табла, а останатите тројца победија.

Дамите беа уште поубедливи на мечевите со Тринидад и Тобаго. Победија со 3,5:0,5. Габриела Коскоска ремизира на првата табла, а по цел поен на другите три табли освоија Моника Стојковска, Бојана Бејатовиќ и Драгана Николовска.

По седум одиграни кола машката репрезентација е на 68. место со 8 бодови, а девојките се на 66. позиција со 7 бода.

Во денешното 8. коло на машкиот дел од Олимпијадата Македонија игра со Република Ирска, а на женскиот Австрија е противник на македонските шахистки.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ