„НДМ изразува крајно жалење и огорченост од фактот што и по 13-годишнината од погибијата кај Карпалак ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на бранителите кај Карпалак.
Оттука, време е СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ после годишните одмори привремено да престанат да се обвинуваат кој од нив повеќе лажел и крадел во изминатите дваесетина години и веднаш во име на македонскиот народ да се согласат Собранието да донесе политички документ (декларација или заклучоци) со кои ќе побараат расветлување на контроверзното загинување на бранителите кај Карпалак, бидејќи не можеме да гледаме во иднината, доколку минатото и понатаму не прогонува, односно, загубата на бранителите останува неразјаснета.
Согласни сме како појдовна основа во истрагата да послужат фактите и аргуметните со кои располага НДМ за овој трагичен настан, а истовремено да се земе предвид и залагањето на поранешниот амбасадор на ОБСЕ во земјава Крег Џенес кој своевремено во врска со Информацијата од 13.11.2001 на македонската државна безбедност до државниот врв во која стои дека екскоманданти од раководството на ОНА го раководеле масакрот врз македонските бранители, амбасадорот Џенес на средба со тогашното македонско полициско раководство изјави дека и тој лично многу добро знае за масакрите врз македонските бранители и веднаш по парламентарните избори во 2002 година тој лично ќе иницира да се расчистат овие случаи и да се казнат одговорните за ова злосторство, а истовремено му се закани на македонскиот државен врв дека ако било што преземе пред изборите во 2002 против командантите од раководството на ОНА ќе бидат обвинети за провоцирање нова криза во земјата.
Зарад тоа, НДМ бара исптиување на овој случај, дотолку повеќе што изборите од 2002 кои според амбасадорот на ОБСЕ Крег Џенес претставуваа пречка да не се расветлуваат убиствата на македонските бранители, одамна се завршени“, се вели во соопштението на НДМ.