Гиркин: Доњецк е под целосна опсада

Од:

Лидерот на проруските сепаратисти во источна Украина, Игор Гиркин, денеска изјави дека владините сили презеле едно клучно населено место и на тој начин бастионот на бунтовниците Доњецк е целосно опколен, пренесоа американските медиуми.

Оваа изјава на поранешниот припадник на руските специјални единици (познат по партизанското име Стрелков) е признание дека украинската армија дојде до превласт во четиримесечните борби со сепаратистите, коментираат светските агенции.

Според Гиркин, „непријателот го зазел“ градот Красниј луч, лоциран на патот меѓу Доњецк и Луганск, вториот бастион на бунтовниците во соседната Луганска област.

-Групата „Доњецк-Хорливка“, со борци на Новорусија, е целосно опколена, изјави тој за еден сепаратистички сајт.

Со терминот Новорусија обично се означуваат териториите во источна Украина во кои се крена сепаратистичкиот бунт, појаснуваат американските медиуми.

donetsk-zgrada

Порпаролот на владината антитерористичка операција, Андриј Лисенко, денеска изјави дека не може да го потврди преземањето на Красниј луч од страна на владините сили, дополнуваат агенциите.

Според првиот вицепремиер на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Андреј Пургин, градот Доњецк не е целосно опколен, пренесе ИТАР-ТАСС. Тој призна дека „градот е во тешка воена состојба“, но дека се уште има коридор преку градот Макеевка.

Пургин изјави дека Доњецк одамна е опколен „во полукруг“, но продолжува отпорот и информациите за целосна опсада не се точни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми