Пораз за шахистите, победа за женската македонска репрезентација на Олипијадата во Тромзо

Од:

Македонската шаховска репрезентација загуби од Хрватска со 3:1 во натпревар од 5.коло на Олимпијадата во Тромзо, Норвешка.

Трајче Недев и Влатко Богдановски на првата односно четвртата табла загубија од Иван Шариќ односно Роберт Зелчиќ. Поените ги поделија Александар Чоловиќ со Младен Палац на втората табла, како и Никола Митков со Зденко Кожул на третата табла.

Македонија по пет одиграни кола се наоѓа на 61.место со шест бодови колку што имаат репрезентациите пласирани од 44. до 74.место.

На врвот е Азербејџан со девет бодови колку што имаат и шест други репрезентации: Србија, Казахстан, Бугарија, Куба, Узбекистан и Грузија.

Македонските шахистки во 5.коло беа убедливи против Јапонија победувајќи на сите четири табли.

Со пет освени бода, нашите репрезентативки се на 70.место.

Денеска на Олимпијадата е слободен ден, а утре во 6.коло женската македонска репрезентација игра со Јужна Африка, а мажите се среќаваат со Аргентина.

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ШК Алкалоид со нови медали на младинските првенства, промовиран и ШК Мулти Есенс

Предраг Петровиќ

Полски шахист одби да се ракува со рускиот велемајстор, кој е жесток поддржувач на Владимир Путин

Предраг Петровиќ