Пушачите имаат поголеми проблеми со спиењето

Од:

Пушачите помалку спијат и нивниот сон е понемирен отколку кај непушачите, покажа едно германско истражување кое опфатило повеќе од две илјади испитаници.

Според резултатите од истражувањето објавено во стручниот магазин Addiction Biology, утврдено е дека од речиси 1.100 пушачи околу 17 отсто од нив спијат помалку од шест часа, а 28 отсто се жалеле на пореметен сон и несоница.

За разлика од нив, меѓу 1.200 непушачи само седум отсто спиеле помалку од шест часа, а 19 отсто се жалеле на неквалитетен сон, изјави водителот на истражувањето Стефан Кохрс од берлинскиот медицински факултет Шарите.

„Ова истражување покажува првпат зголемена зачестеност на пореметување на спиењето кај пушачите во однос на непушачите во групата којашто нема претходни психички тешкотии, дури и кога предвид се земени потенцијално релевантни фактори на ризикот”, се вели во студијата на авторите на истражувањето.

Како релевантни фактори ги земале возраста, телесната тежина и конзумирањето на алкохолот.

Од истражувањето не може да се изведе заклучокот дека пушењето директно влијае врз сонот, бидејќи пушачите може да имаат други навики коишто влијаат врз заминувањето во креветот, како долго гледање телевизија или недоволното вежбање, вели Кохрс.

Меѓутоа, тој додава дека постојат причини за верувањето дека стимулативниот ефект на никотинот има улога во тоа.

„Кога пушите и имате проблеми со спиењето, тоа е уште една добра причина да престанете да пуштите”, вели Кохрс.

Некои други истражувања го поврзуваат лошиот сон со здравствените проблеми, како што се прекумерната дебелина, шеќерните болести или болестите на срцето.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските