Во последното деноноќие убиени 18 украински војници

Од:

Осумнаесет украински војници загинаа, а 54 се повредени во полседните 24 часа во судири со проруските сепаратистички сили во источна Украина, соопшти денеска во Киев воениот потпарол Андреј Лисенко.

Во посочениот период, од вчера, па до денеска претпладне, украинските вооружени сили имале 25 вооружени инциденти со сепаратистите во реоните во близина на руската граница.

Според Лисенко, украинските сили биле изложени на артилериски напад од руската територија, врз украински граничари бил извршен и минофрлачки напад во времетраење од четири часа.

Лисенко ги негираше тврдењата дека Военото воздухопловство на Украина минатата ноќ извршило воздушни напади врз делови на Доњецк, што се под контрола на сепаратистите.

Тој рече дека единствениот авион кој летал имал задача да ги координира активностите на копнените сили.

– Украинската војска не го бомбардираше Доњецк, ниту Луганск, ниту кое друго населено место, истакна Лисенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми