Градот Доњецк, кој е упориште на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, синоќа првпат беше бомбардиран од украинската авијација.
Напади од воздух биле извршени од украинските ВВС врз квартот Калински. На една од улиците има кратер со дијаметар од четири метри и длабочина од околу два метра.
Истовремено, украинската војска продолжи со артилериски оган врз градот. Ноќеска напади се регистрирани врз квартовите Петровски и Кировски при што загинале најмалку три жители.