Романскиот премиер Виктор Понта тргнува во претседателска трка како фаворит, според сите проучувања на јавното мислење, но разликата која ја има пред потенцијалниот контраканидидат Клаус Јоханис не е толку голема.
Од петте анкети објавени во изминатиов месец, четири оденуваа дека лидерот на Социјалдемократската партија (Понта) ќе биде победник во вториот круг на претседателските избори, со предност меѓу пет и шест проценти (анализаѕа на Инскоп) и десет проценти (анализата на ЧСЧИ). Заслужува да се спомене фактот дека со институтот кој му дава поголем разлика раководи Дан Султанеску, еден од советниците на премиерот Виктор Понта. Во анализите на Курс и Ирсоп, разликата меѓу двајцата кандидати е шест проценти, со напомена дека за вториот институт осум проценти од испитаниците рекле дека не знаат за кого ќе гласаат или пак не одговориле.
Петата анализа што ја направи Бирото зс социолошки истражувања (БЧС), со кое раководи Бруно Штефан, дава сосема друга проценка, и во вториот круг за победник го прогласува градоначаникот на градот Сибиу (Јоханис), со освоени 50,4 проценти од гласовите.
Како Понта ги задржа процентите
Иако спроведе непопуларни мерки, како што беше воведувањето на дополнителна акциза за горивата, како и нови даноци и такси, премиерот Виктор Понта успеа да се задржи приближно на исто ниво според популарноста кај Романците.
Како може да се објасни тоа? Од една страна тоа е начинот на кој успеа мерките на владата која ја раководи да ги „спакува“ пред медиумите и населнието. Решенијата и ефектите од нив не беа објаснувани пред самото воведување, а одговорноста беше префрлена на ММФ (на пример, во случајот со воведувањето на дополнително плаќање во здравството) или врз „суверениот Парламент“ (како во случајот со проектот Рошија Монтана).
Од друга страна, како премиерот, така и министрите социјалдемократи, знаеја постојано да се појавуваат на телевизиските екрани за да објавуваат дека „Романија има најголем економски раст“, дека ќе се покачат платите и пензиите, иако тоа ќе се случи по 2015 година.
Кои се противкандидатите
Иако има три месеци до првиот круг на претседателските избори, не можеме да кажеме дека имаме подеднаква стартна линија за сите кандидати. Христијанско либералниот сојуз, кој настана со спојувањето на Националната либерална партија и Демократско либералната партија за свој кандидат го најави лидерот на либералите, Клаус Јоханис, имајќи предвид дека според анкетите тој има многу поголема поддршка отколку претседателот на либералдемократите, Каталин Предоју.
Во борбата за најважната позиција во државата исто така сакаат да влезат и претседателот на Сенатот, Калин Попеску Таричану од Реформската либерална партија, потоа поранешниот претседателски советник Кристијан Ѓаконеску од партијата Народно движење и поранешнот вицепремиер Келемен Хунор од Демократски сојуз на Унгарците во Романија. Планови за кандидирање досега најавува и Дан Ѓаконеску од Народната партија – Дан Ѓаконеску и поранешниот лидер на Партијата за Голема Романија, Корнелиу Вадим Тудор.
Како независни во натпреварот сакаат да учествуваат и поранешните либерали Јоан Гише и Виорел Катарама, како и пратеникот и лидер на Зелената партија, Ремус Чернија. Според некои политички аналитичари, како независен кандидат исто ќе учествува и европратеничката од Демократската либерална партија, Моника Маковеј, откако либералдемократрите одбија да ја вклучат во анализата за тоа кој има поголема поддршката Јоханис или Предију, за да биде кандидат од Христијанско либералниот сојуз.
Романија либера – Букурешт