Бројот на внатрешно раселени лица во Украина е 117.000 луѓе, а 168.700 преминале во Русија. Тоа се податоци од УНХЦР објавени денеска во Женева.
Осумдесет и седум отсто од оние кои ги напуштиле домовите, а не ја преминале државната граница, се од Лугањската и Доњецката област.
Во почетокот на јуни тие лица во источна Украина беа 2.600. Во август се веќе 102.600 луѓе. Според ОН само во изминатата недела домови напуштиле 6.200 луѓе од источните региони.
Повеќе од 2.700 Украинци побарале меѓународна заштита во европски држави, информираше УНХЦР.