Москва: Украинската војска поставува ракетни системи околу Доњецк

Од:

Русија денеска обвини дека украинската војска распоредува тактички ракетни системи во околината на Доњецк на истокот на Украина, на што Киев одговори дека украинската војска нема да користи тешката артилерија и авијација.

– Украинската војска концентрира ракетни системи „Точка У“, како и системи за повеќецелно лансирање ракети „Смерч“ и „ураган“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Колку уште животи ќе однесе ова оружје? Киев се чини веќе не се грижи за животот на цивилите, војниците и милицијата, се наведува во соопштението објавено на сајтот на Министерството, кое заклучува дека „Киев сака војната да продолжи“.

Украинските власти во меѓувреме ги демантираа наводите дека војската на исток од земјата користи тешко вооружување.

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Зоран Шкирјак, изјави дека украинската војска која учествува во операциите на истокот на Украина нема да користи тешка артилерија и авијација за ослободување на Доњецк и Луганск од проруските сили.

– Ние сме категорично против употребата на овие средства, што можат да го загрозат животот на цивилите. Тоа е принципиелна позиција на началникот на Генералштабот на украинската војска и командантите вклучени во операцијата на теренот, изјави Шкирјак за украинските медиуми.

Во текот на ноќта, како што соопштија претставници на руските сепаратисти од Доњецк, градот, сепак, бил иложен на артилериски оган, а се слушале и експлозии и истрели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми