Силен земјотрес во близина на Папуа-Нова Гвинеја

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала е регистриран во близина на островот Манус во папуа-Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геофизички институт.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а не се очекува ниту појава на цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал во океанот, на околу 340 километри северозападно од главниот град на островот Манус, на длабочина од 13 километри под површината на земјата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле