Во судири меѓу украинските сили и проруските сепаратисит во регионот на Доњецк во последните 24 часа загинаа 19 лица, а 31 се повредени, соопштија локалните власти.
Според медицински извори, девет луѓе, меѓу кои и три деца, нагазиле на мина во селото Берестовоје. Во инцидентот загинале две лица, а останатите се потешко повредени.
Во последните два дена украинските сили истрелале неколку балистички ракети во источниот дел од земјата, кој се наоѓа под контрола на проруските активисти.
Телевизијата Си-Ен-Ен оценува дека ова претставува „значајна ескалација“ во украинската криза.
Според медиумот, балистичките ракети со краток дострел можат да носат боеви глави до 450 килограми и имаат потенцијал да усмртат десетици луѓе.
Засега нема официјални реакции од Киев и Москва за оваа информација на американската телевизија, ниту пак од Вашингтон, кој силно ја поддржува украинската Влада.