„Кока-Кола социјализам“ меѓу најпродаваните книги во српските книжарници

Од:

Книгата на Радина Вучетиќ „Кока-Кола социјализам“ е една од најпродаваните во српските книжарници.

Авторката во своето дело ја анализира Југославија во ’60-те години на минатиот век и американизацијата на земјата, во која беше возможно да си Титов пионер и да гледаш цртани филмови на Волт Дизни, во која постоеја рок едн рол песни за Тито и во која се пиеше американската Кока-Кола и рускиот квас. Во истовреме власта не смееше да биде критикувана и беа забранети филмовите кои содржеа критики кон режимот.

На презентацијата беше истакнато дека станува збор за продлабочено истражување на сложениот феномен – американизацијата на Југославија, без кој е тешко да се разбере што подоцна се случило со земјата.

Во книгата авторката го споредува југословенското искуство со искуствата во други земји од источниот блок и заклучува дека Југословените не биле толку „позападни“ од своите соседи колку што сметале дека се.

– Оваа книга не е само за американизацијата на Југославија, туку и за Тито, влијанието на Студената војна, но пред се за обичните луѓе, кои слушале џез, оделе на игранки, го отвориле првиот супер маркет по пример на американските, изјави Вучетиќ.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот