Најмалку 19 цивили загинаа во текот на ноќта во жестоки борби меѓу украинските и проруските сили во источниот дел на Украина, соопштија денеска локалните власти.
Украинската војска ги потиснува проруските сили се подлабоко кон нивните упоришта Доњецк и Луганск, а исто така се обидува целосно да опколи некои подрачја кои моментно се под контрола на сепаратистите, вклучувајќи го и местото на уривањето на малезискиот авион.
Градските власти на Горловка соопштија дека синоќа во нападот врз овој град загинале 14 цивили, меѓу кои пет деца, додека властите во Луганск нагласија дека пет луѓе се убиени кога граната погодил дом за стари лица.
– Непријателот ги користи сите расположливи средства за целосно да ја опколи „Доњецката Народна Република“, изјави синоќа командантот на проруските сили Игор Стрелков.