Своите заложби за воведување нови санакции кон Русија, американската администрација наскоро ќе ги координира со Европската унија, соопшти денеска заменикот-советник за национална безбедност на преседатлот на САД, Барак Обама, Бен Роудс.
Во изјава за Си-Ен-Ен, Роудс нагласи дека новите санкции би можеле да се однесуваат на рускиот енергетски, одбранбен и финансиски сектор.
– Наскоро ќе ги координираме нашите заложби со Европејците, со цел мерките да се воведат истовремено, изјави Роудс, додавајќи дека очекува до крајот на јули ЕУ да донесе одлука за воведување нови санкции кон.
Роудс најави дека новите сакнии ќе бидат построги од досегашните и дека ќе имаат значителнмо влијание врз руската економија.