Напади на украинските сили врз Доњецк

Од:

Укринските сили извршиле артилериски напади врз јужните делови на Доњецк, јавија руските медиуми повикувајќи се на тврдења на проруските сепаратисти од градот.

Ова се први инфромации за напади во јужните делови на Доњецк, бидејќи дспега судири меѓу украинските сили и сепаратистите досега се водеа во северните и западните доњецки предградија.

При нападот украинските сили користеле ракети од типот „Град“, но засега нема инфромации за ранети или загинати.

Артилериски напади имало и во градот Хорвик, во близината на Доњецк, додека во Луганск биле вклучени сирените за опасност од воздушен напад, но градот не бил бомбардиран.

Според тврдењата на сепаратистите, при напади на украинската армија врз градовите под нивна контрола во петокот, загинале 19 лица, а околу 60 биле ранети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми