Проруските сепаратисти од Доњецката област обвинуваат дека украинската армија при артилериските напади во Доњецк и Мандикино користела фосфорна муниција.
Употребата на фосфорна муниција е забранета со Женевската конвенција.
Ваквите обвинувања на сепаратистите во изјава за „Глсот на Русија“ ги потврдил и претстваник на Генералштабот на руската Армија, кој рекол дека украинските сили „најмалку шестпати“ употребиле фосфорна муниција при гранатирањата на југоистокот на Украина.
Сепаратистите инфромира дека и во текот на минатата ноќ се воделе борби меѓу нивните сили и украинската армија, дека успеале да преземат контрола врз премин на руско-украинската граница, како и дека собориле беспилотно летало на војската на Украина.
Претходно, сепаратисти соопштија дека најмалку 15 лица загинале, а околу 60 биле ранети минатата ноќ при минофрлачки напади во Луганск.
Според нив, во текот на минатата ноќ Луганск бил изложен на „масовен напад од минофрлачи и тешка артилерија“ од страна на украинските вооружени сили.