Крводарителска акција во Миравци, собрани 39 единици крв

Од:

Во крводарителска акција што ја организираше гевгелискиот Црвен крст во рамки на Меморијалниот турнир во мал фудбал кој се одржува во Миравци беа собрани 39 единици крв.

– Задоволни сме од остварениот резултат кој бележи зголемување споредено со акцијата од минатата година. Во овој период од годината драгоцената течност е најпотребна и затоа им изразувам голема благодарност на доброволните крводарители, рече секретарот на Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија, Младен Бундов, кој на најсреќниот крводарител му додели велосипед.
Бундов информира дека во седумте месеци од оваа година собрани се вкупно 490 единици крв што во однос на годишниот план претставува остварување од околу 50 отсто.

Акцијата во Миравци успешно ја спроведе екипа од Републичкиот институт за трансфузиска медицина од Скопје. Следната акција во организација на Црвен крст од Гевгелија ќе се одрижи во месец август под јаворите на главната градска плажа во Стар Дојран.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Секое трето дете во светот има опасно ниво на олово во крвта

Жарко Настоски

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ