Дури 230.000 Укринци побегнаа од своите домови

Од:

Високиот комесаријат на ОН за бегалци УНХЦР, соопшти дека вкупно 230.000 лица ги напуштиле своите домови поради судири помеѓу украинските и проруските сили на исток на Украина.

Портпаролот на агенцијата на ОН за бегалци, Ден Мекнортон вели дека бројот на раселените кои се евакуирале во други украински региони, сега изнесува 100.000 додека 130.000 лица избегале во Русија.

-Тие главни се од регионите на Луганск и Доњецк. Бројот е зголемен во последните неколку недели-рече тој и додаде дека последните податоци се однесуваат на 18-ти јули.

Како што пренесе „Франс прес“ тој смета дека постојат повеќе причини поради што цивилите бегаат од зоната која што е зафатена со судири, но дека главна причина е да не се најдат помеѓу вкрстен оган, пренесе „Франс прес“.

Инаку од крајот на јуни кога УНХЦР, последен пат објави податоци за бегалците во Украина, бројот на раселени, кој тогаш изнесуваше 54.000, речиси двојно се зголеми и изнесуваше 110.000 лица.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми