Во шумски предел на Украина откриени дел од трупот на малезискиот авион и уште човечки останки

Од:

Дел од трупот на малезискиот авион и уште човечки трупови беа откриени во шумска месност во реонот на несреќата во источна Украина, денеска соопштуваат австралиските медиуми, цитирани од ДПА.

– Вчера најдовме човечки останки, а денеска уште, за весникот „Сиднеј морнинг хералд“ изјави порпаролот на специјалната мисија од набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Мајкл Бочуркив.

Бочуркив го посети реонот на несреќата во Доњецк заедно со експертите од Холандија, Малезија и Австралија.

За австралиската екипа ова беше прва посета на местото на несреќата. Во малезискиот авион имаше 37 Австралијци.

– Најзначајниот пронајдок денеска беше огромниот дел од корпусот на авионот, што беше паднат во густа шума, изјави Бочуркив за телевизијата Еј-Би-Си. Тој забележа дека експертите случајно го пронашле делот од трупот на авионот затоа што „немаше никакви знаци, никакви искршени делови, ништо што ќе покаже дека делот паднал таму“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми