Претседателот на украинскиот Парламент, Олександар Турчинов денеска соопшти дека владејачката украинска коалиција „За европска Украина“ се распаднала.
Со ова се отвора патот за одржување предвремени парламентарни избори.
Коалицијата „За европска Украина“ беше формирана на 27 февруари.
Официјалното објавување на распадот на „За европска Украина“ доаѓа откако денеска парламентарните групи на проевропските партии Украинска демократска алијанса за реформи (УДАР) и „Слобода“ соопштија дека излегуваат од составот на коалицијата, со што од 262 пратеници таа се намали на 191.
Во текот на денот уште 19 пратеници дадоа изјави дека ја напуштаат коалицијата, со што таа го загуби неопходното мнозинство од 226 пратеници.
Доколку за еден месец не се формира ново парламентарно мнозинство, претседателот на Украина ќе може да ја распушти Врховната рада и да определи датум за предвремни избори.
Се очекува изборите да се оддржат на 26 октомври.