Фракциите на украинските партии „УДАР“ и „Слобода“ ја напуштија владеачката коалиција

Од:

Фракциите на украинските партии „УДАР“ и „Слобода“ во Врховната Рада денеска соопштија дека ја напуштаат владеачката коалиција, пренесе ИТАР-ТАСС, цитирајќи ги изјавите на нивните лидери Виталиј Ковалчук и Олег Тјагнибок дадени во пленарната сала.

– Со ова е почнат процесот на распуштање на Врховната Рада и закажувањето на предвремени избори, изјави Ковалчук, лидерот на фракцијата на УДАР.

Според него, „во Радата нема расположение за конструктивна работа според волјата на украинскиот народ“, забележаа руските медиуми.

Пратеникот Сергиј Мишченко од говорницата изјави дека 15 независни парламентарци, исто така, ја напуштаат коалицијата.

Парламентарното мнозинство ги вклучуваше фракциите на УДАР, „Слобода“ и „Татковина“, а исто така и некои помали групи и независни пратенци.

Сергиј Соболев, лидерот на групата на „Татковина“ (Баткившчина), ги обвини своите поранешни партнери дека не дозволиле доделување средства за борбената операција на Киев против сепаратистите во источна Украина, и побара нов изборен закон.

Доколку владеачката коалиција се распадне и до 30 дена не се формира нова, претседателот на Украина, Петро Порошенко, ќе има основа да ја распушти Радата и да закаже предвремени избори, посочуваат руските медиуми.

Порошенко претходно изјави дека новата Врховна рада треба да биде избрана во октомври, потсетува ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми