Македонски ден на „Џифони искуство“

Од:

Македонија денеска е во фокусот на најголемиот филмски фестивал за деца и млади „Џифони искуство“.

Активностите почнуваат со прес-конференција на која ќе биде најавено претстојното второ издание на „Џифони Македонија“ што ќе се одржи од 8 до 12 октомври годинава, а ќе стане збор и за македонско-италијанската соработка во областа на филмот и културата воопшто.

Покрај директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески, извршната директорка на „Џифони Македонија“ Елена Величковска Николовска и уметничкиот директор Иво Антов, на прес-конференцијата ќе присуствува и гувернерот на областа Кампанија, Стефано Калдоро.

Програмата продолжува со ревија македонски филмови. Прикажани ќе бидат краткиот анимиран „Алерик“ на Вук Митевски, како и краткометражните играни „Мангава Диско Панк“ на Саша Станишиќ, „Шумарот“ во режија на Изер Алиу и „За Ангела“, филм изработен лани, за првото издание на „Џифони Македонија“.

Учесниците на „Џифони искуство“ ќе може да ја видат и изложбата „Запознај ја Македонија низ фотографија“, но и да добијат брошури „Филминг ин Мацедониа“, како и каталози за македонските филмови од периодот 2013/2014.

Македонскиот ден ќе биде заокружен со настап на мултиинструменталистот Мухамед Ибрахими и дегустирање наши традиционални производи, сирења, вино, локум,…

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот