Вељко Булајиќ за земјотресот во Скопје

Од:

Изложба „Скопје ’63 – филмска хроника на едно време“, подготвена по повод 50 години од премиерата на документарниот филм „Скопје ’63“, во режија на Вељко Булајиќ, ќе биде отворена в сабота, во 20.30 часот, во Музејот на градот Скопје.

Изложбата содржи историски податоци за времето на настанувањето на филмот проткаени во скопската приказна за летото 1963 г., проследени со избран фотографски материјал што го прикажува снимањето на филмот, како и селектирани кадри од него, низ хронолошки ред на настаните – од градот во урнатини до враќањето на животот во него.

Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со наградите што филмот ги добил на престижните меѓународни филмски фестивали. Ретки експонати од фондот на музејот ќе бидат сместени во неколку витрини. Во соработка со Кинотеката на Македонија, изложбата ќе биде збогатена со вредни материјали.

Во 21 часот ќе биде прикажан и документарниот филм „Скопје ’63“.

Изложбата ќе ја отвори градоначалникот Коце Трајановски, а ќе присуствува и режисерот Булајиќ.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот