Украина попладнево соопшти дека двата нејзини авиони ловци, што денеска беа соборени во зона контролирана од проруските бунтовници, биле погодени со ракети истрелани од територијата на Русија.
„Двата наши авиона беа погодени на височина од 5.200 метри. Првите информации покажуваат дека истрелувањето на ракетите било изведено од територијата на Русија“, соопшти украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.
Двата ловци „Су-25“ беа уништени во зона што се наоѓа на растојание од неколку десетици километри од местото на несреќата на малезискиот патнички авион, веќе пренесоа француските медиуми.