Меѓународниот комитет на Црвениот крст смета дека конфликтот во Украина претставува ситуација на граѓанска војна и ги повика „сите страни да го почитуваат меѓународното хуманитарно право“.
Тој се повикува на четирите Женевски конвенции од 1949 година, двата Дополнителни протокола од 1997 година и Дополнителниот протокол од 2005 година. Со прогласување „граѓанска војна“ се дозволува да бидат судени авторите на тешките прекршувања на меѓународното хуманитарно право како воени злосторници и тоа во меѓународни казнени судови.
МКЦК веќе ја има изразено својата позиција во меѓусебните контакти со земјите во конфликтот, но досега не ја објавил јавно.
– Борбите во источниот дел на Украина и понатаму носат жртви меѓу цивилното население и ние бараме сите страни итно да го почитуваат меѓународното право, познато и како право на вооружени конфликти, изјави Доминик Штилхарт, директор на мисиите на МКЦК.
Штилхарт допатувал во Украина за да ја разгледа со инволвираните страни целосната ситуација, како и напорите за пренесување на посмртните останки на жртвите во несреќата на малезискиот авион во нивните земји.